Премиерот Никола Груевски денеска во Битола изјави дека очекува до крајот на годинава да бидат остварени економските проекции на Владата, наспроти прогнозите од ММФ за пад на бруто домашниот производ од 2,5 проценти. Во врска со пожарот во „Св. Јован Бигорски“, тој најави дека Владата ќе ги интезивира активностите за ефикасна помош на црковното светилиште. Коментирајќи го синоќешниот оружен напад врз патрола на граничната полиција во липковскиот регион, премиерот Груевски оцени дека станува збор за изолиран иницидент.