Командантот на американските и НАТО силите во Авганистан генерал Стенли Мекристал изјави дека талибанските бунтовници ги интензивираат активностите и оти не е загарантиран успехот на кампањата против нив. Говорејќи во Меѓународниот Институт за стратегиски студии во Лондон тој оцени дека ситуацијата е сериозна и оти сојузниците би требало да ја променат стратегијата во Авганистан.