Американскиот претседател Барак Обама денеска во Копенхаген ја поддржа кандидатурата на Чикаго да биде домаќин на Олимписките игри во 2016 година. Обама е првиот американски претседател кој се обрати пред Меѓународниот олимписки комитет. Обама е роден на Хаваи, но го прифати Чикаго за свој роден град. Главни конкуренти на Чикаго се Токио, Мадрид и Рио де Жанеиро. Во Копенхаген се и јапонскиот премиер Јукио Хатајама, кралот на Шпанија Хуан Карлос и бразилскиот претседател Луис Игнасио Лула да Силва.