Американскиот претседател Барак Обама ги оцени разговорите меѓу светските сили и Иран за нуклеарната програма на таа земја како конструктивен почеток. Притоа тој го повика Техеран зборовите да ги претвори во дела. На вчерашните разговори во Женева Иран најави дека ќе дозволи меѓународна инспекција на новата постројка за збогатување ураниум во близина на светиот град Ком.