Најбогатите американци во загуба од околу 300 милјарди долари

Според магазинот Форбс, најбогатите 400 американци, во изминатата година имале загуба од околу 300 милијарди долари. Одновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс и натаму е најбогат со имот од околу 50 милијарди долари, но тоа е помалку за 7 милијарди во однос на 2008-ма година. Вториот најбогат американец, инвеститорот Ворен Бафет, е во загуба околу 10 милијарди долари.