Разговорите меѓу 6 те сили и Иран формално ги предводи Евро комесарот за надворешна политика Хавиер Солана.
Пред почетокот на средбата американскиот државниот секретар Хилари Клинтон изјави дека Иран треба да избере дали ќе ги исполни своите меѓународни обврски, или ќе се најде во уште поголема изолација. Но од Техеран изјавија дека немаат намера да разговараат за нуклеарната програма ниту за процесот на збогатување на ураниумот, бидејќи атомската енергија, како што велат, ќе се користи во мировни цели. Соединетите Држави предупредија дека Иран ке се соочи со 4 пакет санкции доколку не учествува конструктивно на разговорите и не се согласи со мерките со кои ке се докаже дека неговата нуклеарна програма има исклучиво мирољубиви цели. Портпаролот на Белата Ќуќа Роберт Гибс изјави.
„Јас мислам дека ги слушнавте Претседателот и другите лидери кои рекоа дека ова не се преговори колку да се преговара.
Има специфична агенда за специфични проблеми и потреба да се решат, и ако не се решаваат со одговорност од иранците тогаш ке се превземат силни мерки за да се натераат тоа да го сторат.“
Се очекува на овиа резговори посебно да стане збор за вториот нуклеарен капацитет чие постоење беше објавено минатата недела. Меѓународната Агенција го осуди Иран што не го објави тоа порано.Експертите сепак сметаат дека преговорите се најдобар начин за решавање на иранското нуклеарно прашање. Според Ентони Кордесмен, од Центарот за Стратегиски и Меѓународни студии подобро е Соединетите Држави да разговараат со Иран, бидејки ќе му покажат на светот дека не ја туркаат само воената опција. Вашингтон ќе покаже дека може и да ги слушне иранските ставови, а не само да повикува на санкции, па дури и да е јасно, како што и јас мислам, дека иранското раководство нема да стори ништо за да биде постигнат напредок, вели Кордесман. И Џо Сторк од Хјуман Рајтс Воч се согласува дека треба да се преговара со Техеран, но нагласува дека треба да се отвори и прашањето за непочитувањето на човековите права во Иран и посебно нивното влошување по претседателските избори. Сторк наведува дека Соединетите Држави имаа таков пристап со Советскиот Сојуз повеќе од 40 години, а во тоа време Москва беше многу поголема закана отколку сега Иран.

Има специфична агенда за специфични проблеми и потреба да се решат. Во спротивно ќе бидат превземени мерки Иран да се натера да биде одговорен