Напад врз романски војници во Авганистан

Четворица романски војници се ранети во Авганистан во напад со автомобил бомба. Војниците биле во патрола во провинцијата Забул. Тие по инцидентот се префрлени со хеликоптер во болницата во воената база Лагман. Припадници на романската војска во Авганистан се седум години и за тоа време загинаа 11 војници, а 40 биле ранети. Во Авганистан моментално има 1050 романски војници, кои претежно се распоредени на границата со Пакистан, кој се смета за најопасен регион.