Америка ја зголемува помошта за Пакистан

Конгресот на САД одлучи дека ќе ја зголеми помошта на Пакистан за три пати, за да се спречи ширењето на радикалните верски движења и да се смири антиамериканското расположение во оваа земја. Според Законот кој треба да го потише претседателот Обама, Пакистан ќе добива по 1 ипол милијарда долари годишно во наредните пет години за развој на демократијата и општеството.