Разрешен заменикот на Каи Аиде

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун го разреши заменикот на специјалниот претставник на ОН во Авганистан, кој не се согласуваше со неговиот шеф за прашања поврзани со справувањето со изборните измами во Авганистан, пренесуваат новинските агенции.
Разрешениот Питер Галбрајт замина во Соединетите Американски Држави од средината на месецов, по несогласувањата со неговиот шеф Каи Аиде.