Расте бројот на жртви од земјотресот во Индонезија

Најмалку 75 луѓе загинаа во силниот земјотрес што денеска го погоди индонезискиот остров Суматра. Според индонезиските власти, под урнатините да се затрупани илјадници луѓе. За повредените се подготвува полска болница. Струјата, телекомуникациите и сообраќајот се во прекин.
Центарот за предупредување од цунами на Пацификот го повлече претходно објавеното предупредување за можно цунами во Индонезија, Малезија, Индија и Тајланд.