ДУИ не сака ниту да помисли оти енциклопедијата нема да биде повлечена

ДУИ очекува македонската енциклопедија издадена од МАНУ да биде повлечена и да биде изработена нова во консултација со албански академици, велат неименувани владини претставници од редовите на ДУИ, пренесува државната новинска агенција МИА.
На денешната средба со новинарите тие рекле дека „не сакаат ниту да помислат оти енциклопедијата нема да биде повлечена“.
Партијата, како што велат, останува и на ставот главниот редактор Блаже Ристовски да се повлече од таа функција бидејќи, според нив, тој веќе нема кредибилетет да биде главен уредник на важен документ како што е енциклопедијата, пренесува МИА.