Груевски и Ахмети ги смируваат тензиите

Зградата на Владата на Република Македонија

Премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети изразија жалење за спорните делови во енциклопедијата. Средбата ги смирува односите во коалицијата, но албанските студенти не се откажуваат од најавените протести денеска
Средбата Груевски Ахмети чија содржина на јавноста и стана достапна преку заедничко соопштение во кое се изрази жалење за спорните делови објавени во енциклопедијата на МАНУ според денешните изјави се чини ќе ја одигра единствено функцијата да ја смири топката во коалицијата. Студентите од тетовскиот и од штуловиот универзитет денеска излегуваат на протести а од ДУИ велат дека владата не ги предизвикала ниту може да направи повеќе за да ги смири тензиите.
МАНУ сеуште немаат преземено ниту еден чекор за тоа да се случи. Ако МАНУ ги сфаќа работите, по вчерашната средба Груевски – Ахмети многу добро да размислат и да преземат тоа што се очекува од нив


„Целта е да се тргне енциклопедијата, а не да се корегира. Да им ставиме до знаење дека студентите не ја прифаќаат оваа енциклопедија.“

изјави Агон Ферати, студент на Универзитетот на Југоисточна Европа Џевад Адеми од ДУИ вели дека оваа партија очекува конкретни чекори од МАНУ во која гледа некој кој единствено може да ги смири тензиите.

„Меѓутоа, МАНУ сеуште немаат преземено ниту еден чекор за тоа да се случи. Ако МАНУ ги сфаќа работите, по вчерашната средба Груевски – Ахмети многу добро да размислат и да преземат тоа што се очекува од нив.“

Според Адеми, вчерашната средба Груевски-Ахмети, ја упатува пораката дека сериозните политички фактори во земјава нема да дозволат да се поткопаат меѓуетничките односи и да се загрози евроинтегративните процеси и демантира дека односите во коалицијата воопшто биле нарушени. Мисијата на Европската Унија во Скопје денеска ја поздрави средбата на лидерите на двете партии во владината колаиција и на неа како што се вели се гледа како на клучна можност за помирување и зајакнување на дијалогот меѓу заедниците во земјава. Во опозицијата од одговорните за какви ги гледа лидерите н аполитичките партии а особено премиерот бараат јасно да се оградат од енциклопедијата. Уште подалеку, пратеничката на ЛДП, Роза Топизова Каровска вели дека не само поради настанитее меѓуетнички недоразбирања, на македонија и треба сосема нова енцикопедија.