Пад на индустриското производство

Индустриското производство е намалено за речиси десет проценти, според податоците на заводот за статистика. Тоа донесе и нови откази во овој сектор, односно за околу десет отсто е помал бројот на вработените во рудниците, фабриките и погоните. Од сојузот на синдикати велат дека тие очекувале пад на индустриското производство, поради светската економска криза. Ние им презентиравме на
Падот на индустриското производство, ако не се сопре до крајот на годината ќе ги оствари проекциите за падот на БДП
работодавачите и Владата низа мерки, кои очигледно не ги прифатија, но загрижувачи е тоа што и понатаму нема да има подобрување вели претседателот на синдикатот на металците и рударите Пеце Ристевски.

„Не можеме да речеме дека овие дејности веќе излегуваат од криза, затоа што некои последици и натаму ќе се чувствуваат. Заживувањето ќе трае многу подолго отколку падот. Ако бевме послушани како синдикат, Македонија мораше да излезе со мерки, затоа што и во моментов без овие отпуштања имаме 35 насто невработени.“

Доколку не се стабилизира работата на овој сектор, тоа ќе влијае врз бруто домашниот производ, кој ќе забележи и поголем пад од оној досега од 1, 4 отсто вели професорката Ирена Ќекеркова.

„Падот на индустриското производство, ако не се сопре до крајот на годината ќе ги оствари проекциите за падот на БДП.“

Додека пак според истражувањето на Црна Гора нашата земја е и на последно место на Балканот по странски инвестиции. Во Македонија оваа година се инвестирани само 109 милиони евра. Причината не е во тоа што не сме членка на НАТО и ЕУ, туку други проблеми, кои сеуште не се решаваат вели Ќекеркова.

„Затоа што сме континентална земја, со мал пазар, која не е добро инфраструктурно поврзана. Треба да имате масовно производство, за извоз, па и кога би биле членка на НАТО и ЕУ ова не би се сменило.“

Најмалку отпуштања во изминативе осум месеци има во секторот снабдувања со електрична енергија, вода и гас. Додека пак нови вработувања има само во преработувачката дејност, кај кожарците и во производството на храна и пијалоци.