Американскиот претседател Барак Обама денеска со неговите најблиски советници ќе ја разгледа американската стратегија во Авганистан. До ова доаѓа по состанокот во Вашингтон со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен.
Командантот на американските и на НАТО силите во Авганистан генерал Стенли МекКристал во извештајот што допре до јавноста предупредува дека војната со талибанците ќе биде загубена за помалку од една година доколку не бидат испратени дополнителни десетици илјади војници во таа земја. Од преземањето на функцијата во јануари годинава, претседателот Барак Обама скоро го удвои бројот на емриканските војници во Авганистан и сега таму има околу 62 илјади.
,,Ова не е американска битка. Ова, исто така е и НАТО мисија и ние активно работиме и се консултираме за секој чекор.,,
Изјави претседателот Обама на заедничката прес конференција во Вашингтон со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен кој прецизира дека операцијата во Авганистан не е само одговорност на Соединетите држави, туку дека станува збор за тимска работа.
,,Овој сојуз ќе остане обединет и ние ќе останеме во Авганистан онолку колку што е потребно за да ја завршиме нашата работа.,,
Изјави Расмусен кој го поздрави предложениот нов ракетен систем во Централна Европа како уште еден чекор за зацврстување на односите меѓу Запад и Русија.
,,Го поздравувам новиот американски пристап со кој се дозволува учество на сите сојузници и со кој сите сојузници ќе бидат заштитени.,,
Претседателот Барак Обама пак и со очекување дека новиот систем ќе им служи не само на американските, туку и на интересите на членките на НАТО.
,,Се согласивме дека е важно за нас да и се приближиме на Русија и да да истражиме кој вид на ракетна одбрана би можел да води кон натамошна соработка со Русија во ова подрачје.,,
Оваа изјава на Обама се толкува и како одговор на изјавата на рускиот амбасадор во НАТО Дмитри Рогозин кој неодамна рече дека Москва бара гаранции оти новиот американски противракетен систем нема да претставува закана за руската безбедност. Инаку, на денешниот состанок во Белата Куќа се очекува да учествуваат американскиот потпретседател Џо Бајден, државниот секретар Хилари Клинтон, скретарот за одбрана Роберт Гејтс и шефот на генералштабпт адмирал Мајк Мулен.

Овој сојуз ќе остане обединет и ние ќе останеме во Авганистан онолку колку што е потребно за да ја завршиме нашата работа ...