Словенечките членови на Европскиот парламент Зоран Талер и Јелко Кацин се назначени за известувачи на ЕП за Македонија и за Србија. Талер, кој доаѓа на местото на Ерик Мејер, досгашен известувач за Македонија, беше номиниран од Социјалдемократската група, додека номинацијата на Кацин доаѓа од Либералната група во Европскиот парламент. Известувачите на Европскиот парламент ги подготвуваат извештаите за напредокот на кандидатите и на потенцијалните кандидати за членство во ЕУ. Врз основа на нивните извештаи, Европскиот парламент усвојува резолуции кои законски не се обврзувачки, но имаат одредена политичка тежина.