Кавга за продажба на државна фабрика во Украина

Украинската влада стави на продажба клучна хемиска фабрика, но огласот за продажба беше повлечен само неколку минути подоцна. Фабриката во пристанишниот град Одеса е причина за несогласувања помеѓу претседателот Виктор Јушченко и премиерката Јулија Тимошенко. Таа сака да ја продаде фабриката, а претседателот издаде забрана за продажба.
Шефот на фондот за државна сопственост ги обвини понудувачите дека планирале да ја намалат цената на фабриката на денешната аукција.