Лидерот на опозицискиот СДСМ, Бранко Црвенковски ги повика премиерот Никла Груевски и претседателот Ѓорге Иванов да се оградат од спорните делови на Енциклопедијата што ја издаде МАНУ. За него се неприфатливи екстремните и радикални изјави и реакции на дел од албанските политичари од земјава и од соседството.
Црвенковски вели дека одредени делови од Енциклопедијата се спорни и неприфатливи за СДСМ. Тие со својата содржина предизвикуваат нови поделби и тензии во македонското општество и не конфронтираат со нашите најголеми пријатели и поддржувачи во меѓународната заедница, вели Црвенковски.