Американската тајна служба истражува Фејсбук-анкета за убиство на Обама

Американските власти соопштуваат дека тајната служба за обезбедување на претседателот ја истражува интернет анкетата објавена на сајтот Фејсбук, во која се одговораше на прашањето дали претседателот Барак Обама треба да биде убиен.
Раководството на Фејсбук ја отстрани анкетата која овозможуваше четири можни одговори: Да, Не, Можеби и Да, ако ми ја укине здравствената заштита. На анкетата гласале 730 корисници на Фејсбук, но резултатите од гласањето не се достапни за јавноста.