Познат руски новинар соопшти дека се крие, откако добил закани зашто објавил текст во кој го критикува советското минато на земјата. На својот блог, новинарот Александар Подрабинек објави дека закините ги добил по објавување на текст за ресторанот „Анти-советскаја“, кој си го смени името по налог од локалните власти. Според властите, таквото име ги навредува воените ветерани.
Поранешниот антикомунистички дисидент оттогаш е цел на критики на провладината младинска организација „Наши“. Тие бараат извинување од новинарот, но негираат дека заканите дошле од нив.
Поранешниот антикомунистички дисидент оттогаш е цел на критики на провладината младинска организација „Наши“. Тие бараат извинување од новинарот, но негираат дека заканите дошле од нив.