Откупени само 20 проценти од пченицата во Пелагонија

Земјоделци

Земјоделците од Пелагонија велат дека не паметат полоша година од оваа и одбиваат да ја продаваат пченицата заради ниската откупна цена од осум денари за килограм. Министерот за земјоделство пак смета дека откупната цена не е толку ниска
Само 20 проценти од годинешниот печеничен род во Пелагонија е продаден во мелничко пекарската индустрија, остатокот лежи по селските амбари. Земјоделците велат дека полоша година не паметат од оваа и одбиваат да ја продаваат пченицата заради ниската откупна цена од осум денари за килограм. Попусти останаа нивните апели до Владата да го запре увозот на жито додека не се откупи
Житото се уништи, грозјето не се плаќа се уништува, сега остана само тутунот од земјоделието да видиме дали ќе се плати тој. Инаку цело земјоделие и сточарство во Македонија е катастрофа,
домашното. Во услови кога од Србија може да се набави жито по шест денари за килограм, цената на домашната пченица не може да достигне покачување.

„Житото се уништи, грозјето не се плаќа се уништува, сега остана само тутунот од земјоделието да видиме дали ќе се плати тој. Инаку цело земјоделие и сточарство во Македонија е катастрофа,“

обвини Душко Илиевски од здружението на земјоделци „Пелагонија обнова“.

Министерот за земјоделие, Љупчо Димовски, потврдува дека само 20 проценти од житото во Пелагонија е откупено. Но, спротивно на она што го тврдат земјоделците, тој смета дека откупната цена не е толку ниска.

„Има пазарна цена, таа се движи некаде во рамките на пазарот на Македонија од 8 до 8,70 денари. Таа е, да не бидам погрешно сватен, повторно повисока во однос на берзанската цена на пченицата на пазарите надвор од Македонија каде се движи од прилика по 10 евроценти од килограм“
Има пазарна цена, таа се движи некаде во рамките на пазарот на Македонија од 8 до 8,70 денари. Таа е, да не бидам погрешно сватен, повторно повисока во однос на берзанската цена на пченицата на пазарите надвор од Македонија


вели Димовски.

И мелничарите се со став дека цената на пченицата е релативно висока ако се земат во предвид конкуренцијата на пазарот и фактот дека се уште располагаат со залихи од минатата година.

„Производителите наши повеќето сакаат да ја чуваат и да чекаат цена, но податоците за цената на светската берза се други и мислам дека грешат што ја чуваат. Ние со 8 денари од килограм имаме релативно висока цена, од причини што брашното кое доаѓа од Србија е 10- 11 денари“

изјави Благој Стојчев, сопственик на мелничко пекарската индустрија „Млин Стојчев“ од Битола.

Тој смета дека земјоделците не можат да добијат повисока откупна цена додека не се покачи и продажната цена на лебот.

„Имаме ние една колизија на цени, една необјективност и ние како мелничко пекарска индустрија многу тешко се снаоѓаме. Лебот има катастрофалоно ниска цена од 17 денари. Она што се продава е друго зашто тука влегуваат и трговците па цената достигнува 20 денари“

вели Стојчев.

Ова е втора година како земјоделците се соочуваат со проблеми околу цената и откупот на пченицата. Добро беше, велат, само пред три години кога цената достигна 12 денари зашто Владата имаше слух за нивната мака и забрани увоз на пченица додека не се откупи домашниот род.