ЕЛЕМ бара јаглен во Мариово

Рудник за јаглен

ЕЛЕМ започна истражување на јагленовите количества во басенот во Мариово. Најдоцна за седум месеци ќе се знае дали постојат сите услови за отворање на јагленов коп во овој регион.
ЕЛЕМ започна истражување на јагленовите количества во басенот во Мариово, па доколку се остварат прогнозите најдоцна за седум месеци ќе се знае дали постојат сите услови за отворање на јагленов коп во овој регион. Доколку се потврдат прогнозите во зависност
ЕЛЕМ во рамките на своите развојни планови определи околу 2 милиона евра за довршување всушност на овие истражни работи и класификација односно категоризација на овие количини како би можеле да се утврдат експлоатационите резерви и годишната можност за експлотација на јаглен од ова наоѓалиште
од економската исплатливост ќе се гради термоцентрала во Мариово или јагленот ќе се транспортира до РЕК-Битола.
Според информациите на потегот меѓу селата Манастир, Бешиште, Полчиште и Витолиште во должина од 7-8 километри и во широчина од 2 километра се наоѓаат појаси на квалитетен јаглен. Се проценува дека ова наоѓалиште располага со 111 милиони тони јаглен со просечна вредност од 7500 килоџули по килограм, односно речиси ист квалитет како јагленот што се експлоатира од рудникот Суводол-Битолско.

„ЕЛЕМ во рамките на своите развојни планови определи околу 2 милиона евра за довршување всушност на овие истражни работи и класификација односно категоризација на овие количини како би можеле да се утврдат експлоатационите резерви и годишната можност за експлотација на јаглен од ова наоѓалиште.“

Вели Влатко Чинго, директор на ЕЛЕМ.Првите испитувања се работени во 70-тите години и покажуваат дека има одредени количини на јаглен, кои може да се користат за производство на електрична енергија. Наогалиштето се наога на длабочина од 7 до 270 метри. Направени се и пробни бушотини на 700 метри, извадени се количества јаглен кои ќе бидат однесени на сите испитувања кои се потребни за изработка на главен проект на овој рудник и негова експлоатација.

„Ние распишуваме оглас за избор на проектант кој ќе направи главен проект за отворање на рудникот.После тој проект нормално заедно со претставници од Владата ќе утврдиме дали колкави се средствата за таа намена, какви ќе бидат задолжувањата на ЕЛЕМ, ќе треба да се направи анализа што значи да се тој јаглен транспортира до РЕК –Битола, а што значи да овој ист јаглен тука локално се експлоатира во некоја локална термоелектрана.“

истакнува директорот Чинго.

Се претпоставува дека цената на јагленот би била максимум до 30 евра по тон на ископ.За отворање на рудникот се потребни околу 90 до 100 милиони евра, а ако се гради нова термоцентрала околу 450 милиони евра, инвестиција на ЕЛЕМ.

Со реализација на овој проект покрај новите количества електрична енергија од домашно производство, ќе се обезбедат нови околу 1200 вработувања, а ќе се стимулира и економско-социјалениот развој на Мариово.