Немири во Ирак- десетици загинати и ранети

Најмалку 18 лица загинаа а десетици се ранети во немирите во Ирак во изминатите 24 часа. Во нападите настрадале десетмина членови на ирачките безбедносни сили. Најсериозниот инцидент се случил во градот Рамади во провинцијата Анбар каде седуммина полицајци загинале од експлозија на бомба поставена покрај пат.