Најавено помирување меѓу Палестинците

Шефот на исламистичката организација „Хамас“ Калед Мешаал изјави дека египетските власти ќе организираат национална палестинска конвенција во Каиро во октомври, на која ќе биде потпишан меѓупалестински договор за помирување. По средбата со шефот на египетското разузнавање, шефот на „Хамас“ рече дека во октомври ќе се потпише документ со кој ќе престанат поделбите меѓу палестинците.