Меѓународната организација „Медиа Нет“ изрази загриженост поради казахстанското претседателство во ОБСЕ, кое почнува во 2010-та година. Шефот на организацијата Вјачеслав Абрамов во Женева изјави дека Казахстан не е подготвен за претседавање со Европската организација за безбедност и соработка, додавајќи оти земјата „ќе биде најлош претседавач во историјата на ОБСЕ“.