Убиен авганистански цивил на армиски контролен пункт

Американски војници пукале кон автомобил што не ги послушал нивните инструкции на контролен пункт во Авганистан, при што убиле еден и раниле еден човек.
Полицијата во Кундуз вели дека двајцата цивили биле преведувачи кои работеле за странски фирми кои имале договор со авганистанското министерство за наркотици.