Неделникот ,,Сега,, својот уводник и го посветува на штотуку издадената Македонска енциклопедија. ,,Фокус,, објавува интервју со Д-р Зоран Тодоровски, директор на Државниот архив во кое тој го напаѓа редакторот на Енциклопедијата. Во пошироката статија со наслов ,,Бранко против бранковистите,, ,,Форум,, главно критизерски се занимава со новите случувања во СДСМ
Неделникот ,,Сега,, својот уводник и го посветува на штотуку издадената Македонска енциклопедија, за која вели дека е проект упропастен од лицемерието. Поради автентичноста на пренесувањето на напишаното во уводникот, цитирам: ,,Проектот е жртва на инфантилната потреба на актуелната вмровска врхушка со еден лицемерен потег да ја легитимира својата шовинистичка доктрина за потелото и карактерот на Албанците и така да се одмазди за поразот во 2001-та,, пишува ,,Сега,,. Авторскиот печат на овој потег, според неделникот, го давал Груевски, бидејќи авторите на спорните одредници и главниот редактор, академик Блаже Ристовски, лицемери-како што се нарекуваат во уводникот, се само егзекутори на неговата волја, зашто тој е и нивниот финансиер, забележува неделникот. Во уводникот се поставува прашањето како Али Ахмети, како коалиционен партнер на Груевски во Владата реагирал на крајно навредливите содржини во Енциклопедијата и како го доживеал, како што пишува, лицемерното објаснување на премиерот Груевски дека ,,не ја прочитал,, енциклопедијата што така гордо ја промовирал во МАНУ. ,,Сега,, покрај другото пишува и дека конечно, сите знаеме дека она што сега го тврдат енциклопедистите со години е познат вмровски поглед на албанското прашање во Македонија и дека колку и да се обидува да создаде привид дека не е така, колку и да глуми дека е толерантен премиер, Груевски, како што пишува, е убеден шовинист.
,,Фокус,, објавува интервју со Д-р Зоран Тодоровски, директор на Државниот архив во кое тој го напаѓа редакторот на Енциклопедијата дека повеќето од 50 одредници што му биле дадени на обработка на Тодоровски завршиле во печат со измени од идеолошка природа. Ристовски си дозволил интервенции во одредниците без да се консултира со мене, вели Тодоровски. Тодоровски додава дека не му е прв пат на Блаже Ристовски да си поигрува со судбината на Македонија. Тој размислувал да се откаже од авторството и да ја тужи Академијата за кражба на околу 100 одредници пишувани од Тодоровски за Македонскиот историски речник, а во Енциклопедијата биле препишани од таму.
Во пошироката статија со наслов ,,Бранко против бранковистите,, ,,Форум,, главно критизерски се занимава со новите случувања во СДСМ и забележува дека Црвенковски ги прецртал, како што пишува, своите, до вчера најблиски соработници, како Митрева, Спасов, Шекеринска, Бучковски, и некои други, коишто, според ,,Форум,, со своите настапи во последните две години јасно покажале дека сакаат трансформација на Партијата, но дека на последниот конгрес, пак, Црвенковски јасно дал до знаење оти и покрај младите луѓе кои ги донесол во партијата, тој и единствено тој ќе владеел со СДСМ. ,,Форум,, му забележува на лидерот на СДСМ дека со говорот на Конгресот покажал дека Партијата се дистанцирала од МПЦ, со зборовите дека не сака да гради митови за библиска, туку за модерна и европска Македонија, дека не сакал селаните да гласаат за него, со изјавата за Паљурци, и оти олигархијата што самиот ја создал сега ќе ја казнувал со предлогот побогатите да плаќаат повисоки даноци.