Расмусен сака промена на пристапот во Авганистан

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска повика на промена на пристапот во Авганистан. Тој изјави дека сега е клучно да се зајакнат авганистанската армија и полиција за да може побрзо да ги преземат безбедносните задачи од меѓународните сили. Расмунсен рече дека е многу важно НАТО да се фокусира на заштита на Авганистанцитеи да обезбеди тие да имаа легитимна влада. Видео записот со овие негови излагања е објавен на неговата интернет страница.