На дисперзираните студии на Тетовскиот Државен Универзитет во Куманово, наставата се одвива само на албански јазик. Деканот на Универзитетот Насер Рахими вели дека неможе за малкумина Македонски студенти да се организира настава на македонски јазик.
Во Куманово на дисперзираните студии на Факултетот за јавна и бизнис администрација на Тетовскиот државен универзитет за сега наставата се одвива само на албански јазик. Студентите Македонци ако сакаат да студираат на овој факултет ќе треба да посетуваат наставна програма на албански јазик. Деканот на споменатиот факултет Насер Рахими вели дека наставата се организира и по принцип на менторство доколку има студенти кои не се Албанци. Инаку, нормално е наставата да е на албански јазик, вели Рахими.
„За тројца или петмина студенти Македонци не може да се организира настава на македонски јазик.“
Изјави тој. Кандидатите Македонци кои сакале да се запишат на студиите во Куманово пак велат дека при аплицирање за упис на Тетовскиот државен универзитет биле изненадени и раскажуваат:
„Предавањата се исклучиво на албански јазик и јас како Македонка треба да слушам предавања на албански јазик, бидејќи опција вонреден студент не постои. Им реков дека не зборувам албански.“
За ова кандидатите добиле одговор дека:
„Морам да бидам присутна на предавањата за да добијам потписи, а има и вежби кои се дел од студиите. И тие се на албански јазик, а моето присуство е задолжително.“
Раскажува една од кандидатите за упис на факултетот и додава:
„Јас сум револтирана како граѓанин на нашата држава, бидејќи ова е државен универзитет, а да нема предавања на македонски јазик. Се прашувам на која држава е овој универзитет!“
Другата потенцијална студентка вели дека во тој момент се чувствувале:
„Понижено. Бевме ставени како граѓани од втор ред, не знам зошто. Рекоа и дека кога ќе се полагаат испитите ќе добиеме материјал на македонски јазик.“
Овие кандидатки велат дека на студентските прашања биле многу љубезни, но за учење на албанскиот јазик:
„Не рекоа директно, индиректно да, дека секој јазик што го знаеш е добро и ќе користи, оти во прва година задолжително се полага албански јазик.“
Заинтересираните кумановки биле изненадени и што сите информации биле напишани на албански јазик, а на апликациите прво бил испишан албанскиот, а потоа македонскиот јазик. Евроамбасадорот Ерван Фуере за образованието во Куманово како мултиетничка заедница вели:
„Ова се прашања кои мора да бидат предмет на дискусија на централно ниво и важно е секоја заедница да има соодветен пристап до образованието.“

Предавањата се исклучиво на албански јазик и јас како Македонка треба да слушам предавања на албански јазик, бидејќи опција вонреден студент не постои. Им реков дека не зборувам албански
Изјави тој. Кандидатите Македонци кои сакале да се запишат на студиите во Куманово пак велат дека при аплицирање за упис на Тетовскиот државен универзитет биле изненадени и раскажуваат:
„Предавањата се исклучиво на албански јазик и јас како Македонка треба да слушам предавања на албански јазик, бидејќи опција вонреден студент не постои. Им реков дека не зборувам албански.“
За ова кандидатите добиле одговор дека:
„Морам да бидам присутна на предавањата за да добијам потписи, а има и вежби кои се дел од студиите. И тие се на албански јазик, а моето присуство е задолжително.“
Раскажува една од кандидатите за упис на факултетот и додава:
„Јас сум револтирана како граѓанин на нашата држава, бидејќи ова е државен универзитет, а да нема предавања на македонски јазик. Се прашувам на која држава е овој универзитет!“
Другата потенцијална студентка вели дека во тој момент се чувствувале:
„Понижено. Бевме ставени како граѓани од втор ред, не знам зошто. Рекоа и дека кога ќе се полагаат испитите ќе добиеме материјал на македонски јазик.“
Јас сум револтирана како граѓанин на нашата држава, бидејќи ова е државен универзитет, а да нема предавања на македонски јазик. Се прашувам на која држава е овој универзитет