Рускиот автомобилски гигант Автоваз соопшти денеска дека годинава ќе отпушти повеќе од една четвртина од вработените. Се прецизира дека станува збор за укинување на околу 27.600 работни места. Оваа компанија која ги произведува автомобилите Лада во моментов работи во 65 проценти од својот капацитет, откако, по економската криза, нагло опадна домашната побарувачка. Автоваз е 25 отсто во сопственост на француски Рено.