САД ги поддржуваат напорите на Црна Гора за членство во НАТО

Заменикот на државниот секретар на САД Џејмс Стајнберг порача дека неговата земја ќе го поддржи влезот на Црна Гора во акциониот план за членство во НАТО. Во алијансата активно се разговара на оваа тема и ние ги поддржуваме сите нивни напори, изјави Стајнберг за црногорската телевизија. Тој го пофали и нивниот труд за мир и стабилност на регионот. Стајнберг во Њујорк треба да се состане со премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ за време на генералното собрание на ОН.