Членовите на главната редакција на „Македонската енциколпедија“ денеска во МАНУ одлучија да коригираат некои одредници во публикацијата и да продолжат да работат на второ, изменето и дополнето издание.
Лексикографскиот центар на Македонската академија на науките и уметностите соопшти дека заклучокот од денешната седница следува по реакцијата на политичките партии, здруженија и поединци во врска со објавената енциклопедија.
Албанците во земјава реагираа на делот од Енциклопедијата во кој пишува Албанците дошле во Македонија по 16-тиот век. Во неа тие се именуваат како Арбанас, Арнаути и Шиптари што во заграда е објаснето како “Планинци“.
Денеска и британската амбасада во земјава реагираше дека не се точни наводите во енциклопедијата дека британски специјалци ги обучуваче припадниците на ОНА и побараа корекции на тој дел.
Првата национална енциклопедија беше промовирана минатата среда. Објавена e со финансиска поддршка на Владата. На Енциклопедијата работеа околу 260 соработници под водство на главниот редактор - академик Блаже Ристовски.
Тиражот на Енциклопедијата е 2.000 примероци.