Влијателниот поранешен германски канцелар Хелмут Шмит ги критикуваше „нејасните цели“ на Германија во Авганистан. Тој рече дека операцијата во Авганистан се соочува со неуспех и покрај огромните вложувања. 90-годишниот Шмит оценува дека, веројатно ни 200 илјади војници не се доволни за стабилизација на земјата.