Палестинскиот лидер Махмуд Абас, на синоќешната средба во Њујорк со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и со американскиот претседател Барак Обама, инсистирал на запирање на еврејската колонизација и на дефинирање на границите на идната палестинска држава. Според Абас, од овие прашања зависи продолжувањето на преговорите со Израел, на што, пак, инсистирал Обама.