Живот во картонска кутија

Куќа во населбата Три Багреми во Прилеп

На рид оддалечен три километри од Прилеп во картонска кутија живее десетгодишниот Менде Ристемоски со уште 1000 жители на картонската ромска населба ,,Три багреми". Заборавени од надлежните, кои доаѓаат пред избори и си одат со празни ветувања, за жителите на ,,Три багреми" секој ден е борба за преживување.
,,Родиме мајко поново среќен да бидам, гледаш ли мајко, гледаш ти, несреќен сум...", вака секој ден ја опејува својата тажна судбина 10-годишното босоного момче, Менде Ристемоски. Обидувајќи се да заработи парче леб, тој се бори со жестоката сиромаштија, живее во стравотната беда, зашто неговите родители немаат работа. Наместо куќа живее во картонска кутија на голите карпи на ридот
Родиме мајко поново среќен да бидам, гледаш ли мајко, гледаш ти, несреќен сум...
оддаелечен три километри од Прилеп во населбата „Три багреми„.

Кожата на ножињата на ова момченце огрубела, од трагите што секоја година ги остава секоја временска промена:пеколното лето, калливата есен, студената зима и дождливата пролет. Чевли има само ако најде некој пар во контејнерите, понекогаш дури и еден чевел му причинува голема радост, зашто ќе му ја скрати болката на едното стопало. Во куќарката-кутија наместо прозорци има најлони. Кога врне картоните прокиснуваат, а ветерот ги разнесува на сите страни, па покрив му е отвореното небо.Кога грми, сека, громови удираат во картонските куќички во соседството, а неговите врсници плачат, стравуваат од најлошото.
Еве гледаме секаде се поставија водите, на оваа населба не сакаат ни да слушнат, ни да видат, дали не се гревота овие дечиња, сите се децава болни од жолтица. Капи внатре во куќите, сето е нем каде што живееме, секогаш сме болни и деца и..


,,Горе имав плех што го изгоре, жици изгоре горе, нас не фрли до таван, од половина надолу бев како да ти кажам, сиот во оган бев."

вели 50-годишниот сосед Агуш Сулејманоски, кој за среќа останал жив при електричното празнење, кое му ја запалило еднособната куќичка, каде живеат 10-мина. Наспроти ова семејство, во друга колиба, самохраната мајка, 24 годишната Кермијана Јашароска постојано бдее над своите четири деца, зашто освен што спијат на гола земја, често картонската кутија им лета во возхудот.

,,Кога ќе има силен ветер најлоните летаат, дува, се! Овде во планина, змии овде има, смокови каде што живееме."

На неколку метри од неа, во картон и најлони скриен, стуткан, тажен и разочаран од судбината, сиромав до толку што со денови нема леб да јаде, живее 50 годишниот Авни Алиоски.Колибата е толку мала, што во неа не може ниту да се исправи.Летаргичен тој вели:
Марјан Ристески ни вети дека ќе обезбеди превоз за децата како прво за на школо.Ни вети „ ќе ви направам овде осветлување, ќе ја појача струјата, патот да се направи овде,вода, езерска пиеме вода,тоа е, депонија е таа вода, контејнери за ѓубре да донесе онде, немаме кај да го фрламе губрето


,,Од ништо не стравувам, ако е пишано од Бога и се, се што е од Бог, кренати ми се рацете мене."

Вака живеат сите останати над 1000 жители на картонската ромска населба „Три багреми„.Велат заборавени се од сите институции во државата.

,,Сиромаштија голема, да не можеш надвор да излезеш, многу муви има, има едни како шкорпиони, не лазаат, сите потековме, види окото."
,,Еве гледаме секаде се поставија водите, на оваа населба не сакаат ни да слушнат, ни да видат, дали не се гревота овие дечиња, сите се децава болни од жолтица. Капи внатре во куќите, сето е нем каде што живееме, секогаш сме болни и деца и..."

Се жалат политичарите ги користат само за избори како гласачка машина, а потоа никој не доаѓа да ги посети.Револтирани се на градоначалникот Марјан Ристески,го обвинуваат, дека не го исполнил ветеното.

,,Марјан Ристески ни вети дека ќе обезбеди превоз за децата како прво за на школо.Ни вети „ ќе ви направам овде осветлување, ќе ја појача струјата, патот да се направи овде,вода, езерска пиеме вода,тоа е, депонија е таа вода, контејнери за ѓубре да донесе онде, немаме кај да го фрламе губрето."
Ќе гледаме да преку одредени програми, преку фондовите од Европската Унија или „Хабитат„ програмата да се изградат прифатилишта за луѓето кои живеат во тие рошни куќи или колиби


И невладините организации забележуваат дека државните институции ги ставиле на марганите не само овие луѓе во населбата „Три Багрема„,туку сите повеќе од 7000 Роми кои живеат во Прилеп.

,,„Мирче Ацев„ касарнава има слободни простории, да може барем најзагрозените луѓе да се приберат."

вели Ќани Исмаилоски од неврадината „Тернипе„. Во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа тврдат дека имаат ограничени можности за помош на овие луѓе.

,,Ако нешто можат сами да изготват, сепак како дополнување ние, за некаков градежен материјал, меѓутоа како центар генерално не сме во можност да го решиме станбеното прашање."

вели директорката на Центарот, Снежана Јованоска. Градоначалникот Ристески и овој пат со ветување:

,,Ќе гледаме да преку одредени програми, преку фондовите од Европската Унија или „Хабитат„ програмата да се изградат прифатилишта за луѓето кои живеат во тие рошни куќи или колиби."

Сагата на прилепските Роми е всушост животна приказна на ромската популација во целата држава. Но, кои се плановите на Владата, како и кога трајно ќе се згрижи ова население кое живее на работ на голата егзистенција и натаму е отворено прашање. Министерот без ресор,Неждет Мустафа кој е и генерален секретар на Ромскиот европски форум при Советот на Европа во Стразбур беше презафатен да даде одговор што е предвидено во Владината агенда.