Протест на албанските основци во Куманово

Учениците Албанци од прво до петто одделение од ОУ „Толи Зордумис“ од Куманово, денеска протестираа пред oпштина Куманово барајќи да продолжат да ја следат наставата во ова училишта, а не во „Бајрам Шабани“ или „Наим Фрашери“.
Претставници на родителскиот совет од училиштето се сретнаа со кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски. Тој ги информирал дека барањето не може да се реализира во моментот и оти треба да почека до следната учебна година.
Од почетокот на учебната година 22 ученици не посетуваат настава, бидејќи сакаат да учат во ова училиште.
Во ОУ „Толи Зордумис“, наставата од прво до четврто одделение се реализира и на македонски и на албански наставен јазик, а од петто до осмо само на македонски јазик.