Киргистан ќе почне со рестрикции на струја, наредниот месец. Министерот за енергија вели дека струја нема да има секој ден од полноќ до 5 часот наутро. Училиштата и болниците ќе бидат изземени од оваа мерка, која веројатно ќе трае до на пролет.
Ова е трета зима по ред во која има рестрикции на струја во Киргистан и покрај тоа што земјата има голем хидроенергетски потенцијал.
Критичарите на владата велат дека корупцијата е главна причина за неискористувањето на енергетските ресурси, особено во зимските месеци кога водата во браните замрзнува.