Претседателот Иванов на Генералното Собрание на ОН

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, за време на одржувањето на Генерално собрание на ОН. За време на престојот Иванов ќе се сретне и со медијаторот Метју Нимиц.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен , за време на одржувањето на Генерално собрание на ОН. Посетата на Њујорк ќе биде искористена и за консултации со посредникот во грчко-македонските разговори за името Метју Нимиц. . Засега нема најави за евентуални директни контакти меѓу македонските и грчките претставници. Претседателот Иванов ќе присуствува и на повеќе други форуми на Светската организација, а ќе има и серија билатерални средби, на кои ќе се зборува за стратешки прашања за Македонија, меѓи кои се разбира за решавањето на спорот за името, од кои зависи и влезот во НАТО, велат од кабинетот на претседателот Иванов. Исмет Рамадани, потпретсадетелот на Евро-атланскиот Совет на Македонија вели дека на средбата Расмусен- Иванов, генераниот секретар на НАТО ќе го подучи македонскот претседател во тоа што значи ангажирање за решавање на проблемот за името, затоа што тоа е единствен и главен проблем за влезот во НАТО. А, за возврат и Расмусен ќе бара нешто од Македонија.

„Генералниот секретар на НАТО е во една трка во барање на помош, односно барање на учество со поголеми трупи во Авганистан. Најверојатно тоа ќе го побара од нашиот претседател, така што Иванов ќе се најде во една ситуација кога ќе мора да преземе екстра ангажман на кој ние ќе мора да одговориме.“

Се додека не завршат изборите мислам дека сето тоа ќе бидат подготовки, а по изборите може да стане збор за нешто поконкретно, позитивно за Македонија


Македонскиот претседател со медијаторот Нимиц се среќава на 24 септември, а три дена подоцна со Нимиц треба да се сретне и шефицата на дипломатијата на Грција ,Дора Бакојани, но нејзиното доаѓање во САД е неизвесно поради здравствени проблеми. Од средбите и од разговорите на претседателот Иванов со меѓународнсите претставници, не може да има штета, но прашање е дали ќе има корист, вели професорот Лазар Лазаров. Од оваа средба нема што многу да се очекува, бидејќи Грција нема да превземе ништо додека се во избори, вели професорот Лазаров.

„Се додека не завршат изборите мислам дека сето тоа ќе бидат подготовки, а по изборите може да стане збор за нешто поконкретно, позитивно за Македонија.„

Централни теми на годинашното Генерално собрание на ОН се климатските промени, одржливиот економски развој, борбата против тероризмот и организираниот криминал, одржувањето на меѓународниот мир и безбедност.