Две организации за заштита на човековите права апелираа до Обединетите нации да назначат специјален пратеник во Иран кој ќе ги истражува последиците од претседателските избори кои во земјата се одржаа во јуни. „Хјуман рајтс Воч“ и организацијата „Меѓународна кампања за човекови права“ на заедничка прес конференција соопштија дека 72 лица загинале во насилствата кои настанаа по протестите на кои, според иранските власти, Махмуд Ахмадинеџад доби втор мандат.