Овоштарите од Преспа стравуваат дека нема да се најде пласман за јаболката, бидејќи сеуште нема најави за организиран откуп на овошјето. Тие се жалат и на големи претрпени штети поради невремето што летово го погоди Преспанскиот регион.
Преполовено е производството на јаболка во Преспа како последица на лошите временски услови. Градот кој летово во повеќе наврати падна во овој крај ги уништи овошките. Преспанци не знаат ни дали ќе успеат да го продадат слабиот род што ќе го соберат. Неколку дена пред почетокот на јаболкоберот во Преспа, се уште не е дефинирана откупната цена на јаболаката и неизвесно е дали ќе има извоз за станство. Наспроти старата практика кога пред Крстовден претставиници на власта и стопанствениците се збирале за да ги утврдат цените по категории, годинава државата нема пројвено никаква иницијатива да обезбеди организиран откуп и пласман на овошјето. Овоштарите се жалат дека се уште не ги собрале парите од минатогодишната реколта, а треба да почнат да ги продаваат јаболката од годинешната.
„Низ цела Преспа се зборува дека има помалку род. Има дел од родот што е оштетен од градот. Најголемиот дел е продажбата зашто сега трошковите се многу големи, а ако нема цена јаболкото тогаш нема печалба, туку во загуба сме. Да не е цената под 18 или 20 денари. Лани по еден денар беа јаболката и за на фабрика да молиш и парите не ги имаме земено уште.“
„Ние немаме сигурност од државата како прво. Треба да најди купувачи. Ене ја Грција каде е, на 20 километри, килограм јаболко е евро и пол, а кај нас еден денар. Како можи тоа, навистина не можам да бидам паметен. Нашата фабрика зема вака-да му ги однесиш јаболката, ти одбива 5 проценти, после уште пет проценти, да му ги растовариш, и парите, како парите од тутунот на свети никогаш. Работиме и на крај не знаеме од што ќе профитираме оти немаме никаква сигурност.“
велат Армен Бесеми и Рушди Далиповски од село Гора Бела Црква.
И минатата година беше катастрофална за овоштарите во Преспа, најбогатиот крај со јаболка во Македонија. Мали количини се продадоа на странските пазари каде конкуренцијата беше голема, царините за транспорт високи, а јаболката калираа заради недостиг на соодветни магацини за чување. Цената изнесуваше 10 денари за килограм. Ако се повтори минатата година овоштарите велат дека по млекото во Македонија ќе ги снема јаболката.
Ние немаме сигурност од државата како прво. Треба да најди купувачи. Ене ја Грција каде е, на 20 километри, килограм јаболко е евро и пол, а кај нас еден денар. Како можи тоа, навистина не можам да бидам паметен