Прилеп е првата и засега единствена општина која успева да ги ефектуира средствата од ИПА фондовите на Европската Унија. Следната година во Прилеп ќе започне изградбата на пречистителна станица, проект вреден околу 20 милиони евра, а финансиран со 6,1 милиони евра од ИПА фондовите.
Прилеп е првата и засега единствена општина која успева да ги ефектуира средствата од ИПА фондовите на Европската Унија. Следната година во Прилеп ќе започне изградбата на пречистителна станица, проект вреден околу 20 милиони евра, а финансиран со 6,1 милиони евра од ИПА фондовите. Останатите пари за заокружување на финансиската конструкција ќе бидат обезбедени од републичкиот буџет. Објектот ќе се гради на површина од 6,7 хектари западно од Прилеп на потегот помеѓу Крива Река и Орушица на оддалеченост од 2,5 км од центарот на градот, по течението на Градска река. Градоначалникот Марјан Ристески тврди дека проектот е влезен во буџетот значи парите се оддвоени за оваа намена, па до крајот на 2012 година градот ќе добие пречистителна станица, со што ќе бидат решени проблемите со отпадните води.
„Намалување на штетното влијание од испуштањето на отпадните води врз здравјето на луѓето, би се намалила можноста од појава на заразни болести помеѓу популацијата која гравитира на подрачјето, би се подобрил квалитетот на земјоделските површини кои шторедовно се поливаат со води од наведените реки и воедно со тоа би се обезбедила и заштита на животната средина во Прилепска река, а би се намалиле штетните влијанија врз биодиверзитетот во Боротинска река и Црна река кои спаѓаат во сливното подрачје на реката Вардар.“
истакнува градоначалникот Ристески посочувајќи на бенефитите од зачување на еколошки најчистиот предел во Македонија-Мариво. Моментално според информаците во Градската река е евидентиран 5-ти степен на загаденост, а со пречистителната станица состојбата ќе биде значително подобрена, така што ќе се намали на 2 степен загаденоста со што се очекува да се врати живиот свет во реката.Проектот ќе се реализира во две фази. Во првата ќе се третираат отпадните води во реките: Оревоечка, Дабничка и Селечка река и изградба на пречистителната станица, а додека во следната фаза ќе се изврши санација и реконструкција на канализациониот систем. За изградба на објектот неопходен е нов урбанистички план вон населено место, со што општината ќе биде подготвена за да стартуваат активностите, како што вели Илија Карески, раководител на Секторот за урбанизам при локалната самоуправа.
„Главниот систем на работата на таа пречистителна станица е да фекалната вода биде прифатена од целиот град и биде однесена, усмерена во пречистителната станица, посебно атмосферската вода како што се работи и секаде на Запад, да речам во сите посовремени земји, затоа што не дозволува фекална, мешање со атмосферска или индустриска, така да тие ќе бидат усмерени.“
објаснува Карески. Општина Прилеп и Ј.П. „Водовод и канализација„ ќе бидат крајните корисници на оваа инвестиација. Со оглед на фактот што според плановите за одржување на објектот ќе бидат ангажирани малкумина вработени, сеуште не се направени пресметки дали ќе биде воведена нова комунална давачка за граѓаните.
„Намалување на штетното влијание од испуштањето на отпадните води врз здравјето на луѓето, би се намалила можноста од појава на заразни болести помеѓу популацијата која гравитира на подрачјето, би се подобрил квалитетот на земјоделските површини кои што
Главниот систем на работата на таа пречистителна станица е да фекалната вода биде прифатена од целиот град и биде однесена, усмерена во пречистителната станица, посебно атмосферската вода како што се работи и секаде на Запад