Во Куманово, мултиетничка средина во која економијата и стопанството се во колапс, невработеноста е загрижувачка,се чини дека сепак за граѓаните е најважно да имаат работа, без оглед која опција е на власт.
Иако Куманово, најголемата локална самоуправа во државава и една од поголемите на Балканот веќе 18 години ја носи етикетата како бастион на СДСМ, или како што велат десничарите, бастион на комуњарите, кумановци со различни мислења. Во оваа мултиетничка средина во која економијата и стопанството се во колапс, невработеноста е загрижувачка,се чини дека сепак за граѓаните е најважно да имаат работа, без оглед која опција е на власт. Токму затоа и нивните размислувања се различни. Бранко Црвенковски и СДСМ по неодамна одржаниот 9-ти Конгрес, најавија интензивни мерки за издигнување на сопствениот, а за уривање на рејтингот на Владата на Груевски. Дел од кумановци велат:
„Ништо нема да биде.“
„Се надевам дека Црвенковски ќе направи нешто за Македонија. Не сум задоволна од оваа Влада, а не сум член на ниту една партија.“
„Нема шанси Македонија да ја врати на подобри позиции. И кога би дошол на власт нема да биде добро за Македонија.“
За актуелната централна власт:
„Сега за сега е добро од Груевски. Сега работа има и децата си ги вработив. Не сум член на партија. За моите десет прсти навивам. Каква партија? Која и да е на власт гледа само за свој џеб.“
На локално ниво власта е од СДСМ, за неа:
„Локалната власт во Куманово е добра без оглед што е од СДСМ.“
Има и вакви мислења:
„Немам коментар.“
За некои ниту една досегашна власт не е добра,бидејќи:
„Не гледа за народот. Воопшто не вреди. На народот му треба работа. Младите не се на работа. Имам 5 деца ниту едно не работи. Од каде да ги хранам. Тие ги продадоа фирмите.“
Сметаат кумановци, очекувано тргнувајќи од сопствената состојба. А од она што може секојдневно да се забележи штом нема фабрики нема ниту работа. Кога нема работа граѓаните не можат да се надеваат на заработувачка. Сепак, колку и да се незадоволни неопределените во предизборниот маркетинг си ноѓаат свој фаворит, кој подоцна ги разочарува и така тркалото се врти, а граѓаните се движат по врвулици, велат повозрасните и поискуните граѓани.