Крај за Бријаторе во Формула 1

Формуала 1 тимот на Рено избегна остра казна поради тоа што му наредиле на поранешниот возач Нелсон Пике Помладиот намерно да предизвика инцидент.
Светската автомобилска федерација го казни Рено со двегодишна условна суспензија.
На директорот на Рено, Флавијо Бријаторе, кој си поднесе оставка минатата недела, му е доживотно забрането да се бави со Фомула 1, а главниот инжинер на тимот Пат Симондс е суспендиран од Формула 1 5 години.