По 15 денови од бродската несреќа во Охрид за сега сеуште никој не ја презема одговорноста за трагедијата. Опозицијата поднесе интерпелација за министрите Јанкуловска и Јанакиевски. Според експертите, тоа е политички маркетинг и губење време.
Ниту по 15 денови од бродската несереќа во Охрид никои засега не собра сили да ја понесе одговорност за трагедијата во која загинааа 15 бугарски туристи. На секаде и никаде се бараат виновниците, притоа секој има своја верзија каде треба да се бара вината.
Едни се амнестираат од одговорноста, други се обидуваат политички да поентираат. Понудената оставка од морални причини на министерот за транспорт и врски која премиерот Груевски не ја прифати брзо беше прочитана од опозцијата која на почетокот на неделава поднесе интерпелација но не семо за Јанакиевски туку и за првиот човек на полицијата Јанкуловска. Иако интрепелацијата е предвидена со собранискиот деловик, сепка од почетокот на македонската независност па до денес таа се покажа како апсолутно неефикасна. Самиот факт што по интерпелацијата не се покренува прашањето за разрешување, покажува дека ова е без потребно губење на време, оценуваат експертите.
,,Повеќе заради маркетиншки причини, едноставно да се искористат тие моменти да го искажат своето незадоволство сметајќи дека ќе добијат некој глас во јавноста,"
вели, Јове Кекеновски универзитетскиот професор
Иако и самата опозицијата е свесна дека министрите ја имаа поддршката од парламентарното мнзинство, евидентно е настојувањето на СДСМ и партискиот блок околу него по секоја цена да ја запознаат јавноста за лошото владеење на ВМРО ДПМНЕ и нејзините владини партнери.
,,Играта на премиерот околу оставката на министерот остави простор за интерпелација. Една дилема за тоа што останува како обврска и задача и морално право што Владата го има кон настанот."
изјави, Назми Малиќи, универзитетски професор
Во време кога од Македонија се очекува целосно да се фокусира во исполнувањето на критериумите демонстрирајќи политичка зрелост и подготвеност да се одговори на предизвиците пред објавувањето на извештај на ЕК, ние и овој пат се занимаваме со политичко партиски сплеткарења од кои никои нема корист.
Повеќе заради маркетиншки причини, едноставно да се искористат тие моменти да го искажат своето незадоволство сметајќи дека ќе добијат некој глас во јавноста