Три недели по стартот на учебната година учениците во прилепските основни и средни училишта никако да ги добијат бесплатните комплети учебници. Надлежните без одговор кога учениците ќе ги добијат учебниците.
Изминува третата недела од учебната година, а учениците во прилепските основни и средни училишта никако да ги добијат ветените бесплатни комплети учебници. Наместо на училишната клупа при првиот училиштен ден, како што најави министерот за образование Никола Тодоров токму во Прилеп од каде што ја започна дистрибуцијата на бесплатните учебници, сега никој нема одговор кога ќе ги добијат учебниците. Најтешката е состојбата во средните стручни училишта. Ниту еден од неколкуте илјади средношколци нема комплет учебници.
,,Учебници уште немаме, по тие предмети што нема учебници треба скрипти да копираме. По физика си ископиравме скрипти и по историја треба."
,,Почнавме по некој предмети да си купуваме скрипти и дел од учебниците на почетокот да ги пресликуваме."
,,А, јас мислам дека се нарушува наставата."
,,Уште немаме целосни објаснувања за се."
Ниту професорите, ниту директорите немаат информација дали и кога ќе бидат дистрибуирани новите учебници, затоа тие ги користат ланските.
,,Многу тешко се доаѓа до литература, никој не посегнува да пишува, бидејќи се работи, пример за профили каде што има една паралелка во Македонија или две и неисплатиливо е затоа тука е проблемот, сто по сто. Се користат учебници што се во склад со наставните програми, меѓутоа професорите користат и интерни учебници."
вели Спасе Здравески, директор на СОУ Ѓорче Петров.Нешто подобра е состојбата во прилепската гимназија каде недостигаат 20% од потребните учебници. Наспроти нив,осмооделенците среќа добија навреме комплети,но четвртооделенците и натаму се без учебници.
,,Осмодделение комплет да, од самиот почеток. Имаат малку потешкотии со домашните задачи што треба да ги сработат децата."
велат родителите, дел загрижени зашто учениците неможат да понудат соодветен квалитет без учебник. Родителите инсистираат проблемот да се реши што побргу за да не им се натрупува многу материјал на учениците, што потоа ќе им создаде проблеми при испрашувањето и оценувањето.
Надлежните во Локалната самоуправа иако без точен одговор кога,сепак утешуваат дека до крајот на септември ќе се дистрибуираат поголем дел од учебниците што недостигаат. Советникот за образование Марјан Матракоски вели дека ресорот за образование при Локалната самоуправа само ги дистрибуира бесплатните учебници кои ги добива од Министерството.
Многу тешко се доаѓа до литература, никој не посегнува да пишува, бидејќи се работи, пример за профили каде што има една паралелка во Македонија или две и неисплатиливо е затоа тука е проблемот, сто по сто. Се користат учебници што се во склад со наставните програми, меѓутоа професорите користат и интерни учебници