АРМ е добро обучена и подготвена заеднички со Националната гарда на Вермонт успешно да ја изврши новата мисија во Авганистан што почнува во јануари 2010, оцени Врховниот командант – Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по средбите во Барлингтон со командантот на Националната гарда на Вермонт генерал мајор Мајкл Дуби и гувернерот Џејмс Даглас. Иванов, како што јави МИА, реклол дека со новиот ангажман, македонската армија ги продлабочува односите со американската армија и придонесува за воспоставување на слободата и демократијата во Авганистан. АРМ ги направи сите реформи за компатибилнотс со НАТО.Новата заедничка американско-македонска мисија во Авганистан наречена „Феникс“ почнува во јануари, ќе трае девет месеци и во неа ќе учествуваат 79 припадници на АРМ, Тие заедно со војниците од Вермонт ќе помагаат во обуката на авганистанската армија и полиција. Со новиот контингент, Македонија во Авганистан ќе има вкупно 247 мировници.