Поранешниот ирански реформистички претседател Мухамед Катами, на денешниот анти-израелски собир во Техеран, организиран од власта, бил физички нападнат. Катами бил турнат на земја и му бил одврзан турбанот, по што бил принуден да го напушти собирот. Државната агенција ИРНА јави и дека поразените претседателски кандидати, Мир Хосеин Мусави и Мехди Каруби биле принудени да си заминат од собирот, откако биле нападнати од, како што е наведено, народот.