Делегација на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, во чиј состав се заменик- министерот за одбрана Емил Димитриев и началникот на ГШ на АРМ генерал потполковник Мирослав Стојановски, предводена од претседателот Ѓорге Иванов од денеска до 21 септември ќе престојува во официјална посета на сојузната држава Вермонт, САД. За време на посетата ќе бидат реализирани официјални средби со претставници од Стејт департментот на САД, командантот на Националната Гарда на Вермонт генерал-мајор Мајкл Дуби и претставници од институциите на државата Вермонт.