Молдавија и официјално со в.д. претседател

Молдавскиот уставен суд го потврди именувањето на Михаи Гимпу за вршител на должноста претседател на Молдавија. Судот ја отфрли претставката од комунистичката опозиција.
Гимпу стана в.д. претседател, откако минатата недела се повлече доскорешниот претседател Владимир Воронин, зашто неговата Комунистичка партија изгуби на изборите. Про-демократските сили во Молдавија имаат парламентарно мнозинство да формираат влада, но не и да изберат претседател.