Повреден работник во експлозија во Макстил

Еден работник е полесно повреден, откако се случија две последователни експлозии во погонот на челичарница Макстил. Работникот е пуштен на домашно лекување.
Експлозиите се случиле во просторот за технолошки отпад, соопштуваат од Макстил.
Во експлозиите не е предизвикана позначителна материјална штета.