Руски автопроизводител отпушта 14.000 вработени

Вториот најголем производител на автомобили во Русија, ВАЗ ќе отпушти 14 илјади работници до крајот на годинава, објавија руските медиуми. Портпаролката на ВАЗ ниту ги потврдува, ниту ги демантира ваквите информации.
Во јули, компанијата соопшти дека планира да отпушти 7 илјади работници од фабриката во Нижни Новогород.
Минатата недела, најголемиот руски автопроизводител Автоваз соопшти дека планира да отпушти 36 илјади луѓе до крајот на годинава. Руската автомобилска индустрија годинава падна за речиси една половина.